Места за прошетка

Печати

 

1.ohridОхрид и Охридско езеро

Познат и како: Македонски Ерусалим, Европски Ерусалим

2.lokacijaЛокација во Р. Македонија

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.

Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.

Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.  

4.mozaikПоден мозаик од ранохристијанска поликонхална базилика

Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.

Императорот Василиj II дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.

Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан ги презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.

Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.

Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да ја наложи своjата власт.


5.kuca robevci
Куќата на Робевци

Турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината. Денес на територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти - џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската Епархија на МПЦ.

Некои од позначајните објекти се:

•    Катедралата Света Софија (XI век)
•    Црквата Св. Јован Канео (XIII век)
•    Црквата Св. Климент и Св. Пантелејмон во Плаошник
•    Црквата Св. Богородица Перивлепта
•    Црквата Св. Ѓорѓија
•    Црквата Св. Богородица Захумска
•    Црквата Св. Наум
•    Црквата Св. Петка
•    Црквата Св. Стефан
•    Многу ранохристијански базилики како на пр. Базиликата на Св. Еразмо (4-ти век)
•    Самуиловата тврдина (X/XI век)
•    Галерија на икони-Охрид
•    Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј
•    Музеј на словенската писменост (XVIII век)
•    Антички театар





6.anticki teatar

Сместен во стариот дел од Охрид театарот функционирал во хеленистичкиот и во римскиот период. Вкопан во падината од еден рид, максимално разградуван во доцноантичкото време, од некогашните 30 реда на мермерни седишта, оригинално се зачувани само 7-8 реда. Денеска театарот е комплетно реновиран, претставувајќи своевидна археолошка атракција и место каде се одвиваат настани од културниот живот на Охрид и Македонија.



7.tvrdina
Самуилова тврдина

Уште во петиот век од нашата ера Охрид се споменува од римските историчари како град со тврдини, кој како и другите римски градови на Балканот се брани од наездите на скитачките племиња, при големото преселување на народите во 4 и 5 век. Закрепениот Охрид во 479 година ја одбил опсадата на готскиот крал Теодор.

Во подоцнежните векови Византија ги користи овие тврдини и сигурно ги поправа и проширува. Словените навлегуваат во Охрид без некои големи уривања. Но, Охрид како престолнина на Самоиловото царство има обновени и доста јаки бедеми. Денешната форма на тврдината потекнува од времето на цар Самуил макар што и по него постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на Турците и Византијците.

Највисокиот дел од Охрид е опфатен со централните ѕидови кои се високи од 10 до 16 метри како и одбрамбени кули. Еден крај од надворешниот бедем косо се спушта кон запад до брегот на месноста Лабино. Другиот крак тргнувајќи на исток ја преминува надворешната порта "Горна порта" ја зафаќа пониската височинка од Охридскиот рид во месноста Дебој и отука кон југ косо се спушта кон езерото.

Тврдината носи видливи траги на чести поправки. Под делумно урнатиот надворешен слој во внатрешните ѕидови се забележуваат хоризонтални либажни слоеви од тули со византиски формат. Во ѕидовите на горната порта вѕидани се многу камења со грчки натписи кои потекнуваат од античките згради со какви што овој терен е преполнет. Охридската тврдина денес претставува заштитен знак на Охрид а со тоа и на Македонија.



8.plaosnik
                        Плаошник                              Црвка Св. Климент и Св. Пантелејмон                   Муслимански гробови

Плаошник или Плаош се нарекува месноста на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина.

Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски.

9.plaosnik                                                     Христијанска базилика                                         Крстилница

На 11 август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм Светите Климент и Пантелејмон, кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели. Црквата била урната во периодот на Отоманското владеење и на нејзината основа била изградена џамија. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на св. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.

Археолошки истражувања

Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на 20. век, а од 1999, се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на пред-климентов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.век, и климентов период кој започнува од 893. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па с? до заземањето на Охрид од страна на турците во 15. век.

Светиклиментов универзитет

Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и Пофалното слово за Кирил, ремек-дело на средновековната словенска книжевност.

Во тек е проект за обновување на Светиклиментовиот универзитет кој треба да претставува реминисценција на Светиклиментовото време и дух во модерно значење. За таа цел, во 2007 е формиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет, составен од еминентни научници, црковни и официјални лица, кој раководи со проектот. По целосното археолошко истражување, ќе се изградат нови објекти во кои ќе биде сместена голема библиотека, Галеријата на икони, како и старите ракописи од Музејот и завод - Охрид и од други културни и научни центри, а еден дел објекти ќе и бидат доделени на МПЦ. Универзитетот треба да биде спој на световното и сакралното.



10.kaneo
Црква Св. Јован Канео

За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св.Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога е испишан натписот на Св.Константин и Елена - како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото "Канео" каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од 13 век па се до почетокот на 14 век.

Во османлискиот период може да се следи активниот живот на црквата најверојатно се до 1447 кога се споменува имотот на црквата. Подоцна манастирскиот живот постепено опаѓа, а со тоа доаѓа и уривање на самата зграда (ниските сводови од сите четри агли. Во поново време се претпоставува дека доаѓа до запуштање во подолг временски период меѓу 17 и 19 век. Тоа се докажува врз основа на најстарата запишана година која се наоѓа на најстарата икона во црквата (1676). Во поновата историја се забележуваат зафати со цел да се обнови самата црква, при што се враќаат сводовите како и подигање на анексите од северната јужната и западната страна кои денес се елиминирани.

Од друга страна гледано од иконографски аспект оваа црква обезбедува голем број на информации за историјата на средновековното сликарство во Македонија. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнените. Во поголем број на цркви се наведуваат вакви карактеристики како што се Св.Софија во Охрид, Св.Константин во с.Свеќани - Велешко и Св.Никола во С.Манастир. Меѓутоа само Канео има посебно нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до ден денешен кој треба да бидеме благодарни што опстојала низ вековите бидејќи самата црква била подолг период напуштена.



11.svnaum
Манастир Св. Наум над Охридското езеро

Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан.

Оваа црква по својот првобитен облик била скоро идентична на црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Негде околу 10-13ти век Наумовата црква била потполно урната. Но потоа негде околу 16ти век на нејзините темели е подигната сегашната црква и тоа во две етапи. Отпрвин, при обновувањето, се изградени наосот и нартексот, а во втората, двете куполи - над наосот и нартексот. Сегашната црква ги носи преправките, и таа има форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на четири столбови. Гробницата на Наум е посебна зграда со широка и ниска купола.

Во натписот, што се наоѓа над западниот влез однатре се споменува дека живописувањето на црквата станало за време на игуменот Стеван во 1806 година. Тогаш е живописана и капелата со Наумовиот гроб. Сета греско-декорација е дело на зоографот Трпо, син на зографот Константин од Корча. Главната манастирска црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.



Заливот на коските е најновата туристичка атракција на брегот на Охридското Езеро. Се работи за реконструкција на неолитска наколна населба, направена според артефактите кои биле пронајдени на езерското дно. Таму, можете да фрлите поглед во праисторијата, кога животот бил поедноставен.

12.koski

Надводните наколни живеалишта се специфични за праисторискиот период и во Македонија ги имало на многу места, односно секаде каде што имало вода – езеро или мочуриште. Крај Охридското Езеро има остатоци од повеќе вакви населби, а една од нив е оваа – во Заливот на Коските. Римската тврдината е поврзана со населбата за да им овозможи на туристите и посетителите извонредна можност да се доживее патувањето низ времето, од праисторијата до античките времиња и обратно.


Friday the 20th. 2013
Copyright 2012

©