Сместување

Печати

 

Сместување

Повеќето од хотелите и одморалиштето се наоѓаат во туристичката населба “Св. Стефан“, оддалечени 4km од центарот на Охрид. Населбaтa “Св. Стефан“ е туристичкo местo со повеќе атрактивни плажи и хотели. Некои од хотелите се во самиот град Охрид во близина на стариот град или во градот Струга, 15km од Охрид. Подолу се дадени кратки информации за дел од сместувачките капацитети.

 

0.smestuvanje


1. “Бетон”

Собите во хотелот се со 2, 3 и 4 кревети. Хотелот е реновиран, со модерни тоалети во собите и TV и е на одлична локација, само 50тина метри од плажата и од многуте кафе барови во околината и на самата плажа. Хотел “Бетон” е лоциран на 300м од одморалиштето, овозможувајќи им на групите кои ќе се сместат во хотелот да се дружат во слободното време со групите сместени во одморалиштето, да одат на заеднички диско забави кои се организираат во одморалиштето итн.


     1.beton   2.beton   3.beton

2. “Пела”

Овој модерно уреден хотел ви овозможува да се чувствувате пријатно, комбинарајќи го својот комфор и природното опкружување. Хотелот има на располагање 120 кревети во 41 соби и 3 апартмани. Сите соби се опремени со директни телефонски линии, TV, мини бар, тоалети, климатизација и балкони. Се наоѓа во близина на хотел “Бетон” и одмаралиштето “Славејче” во населбата Св. Стефан, и е на 130m оддалечен од плажа.


   5765271   5765393

3. “Галеб”

Собите во хотелот се со 2, 3 и 4 кревети. Хотелот е лоциран во градот Струга (на 15km од Охрид) на само 50m од плажа.


   98 big   galeb - mala

4. “Монтенегрин Инн”

Хотелот Монтенегрин Инн се наоѓа во центарот на Охрид, на главниот булевар Туристичка. Монтенегрин Инн има на располагање 21 соба: 2-креветни, 3-креветни соби и 4-креветни студиа. Собите се опремени со TV, климатизација, WiFi интернет, тоалети. Најблиската плажа (каменеста) се наоѓа на 500m од хотелот, додека песочна плажа има на 1km.


   monte1   monte2

5. “Славејче”

Одморалиштето “Славејче” е првенствено наменето за деца и младинци. Собите се со 8 кревети и имаат заеднички тоалети и тушеви (целосно реновирани). Одмаралиштето има ограничен број на соби за возрасни со сопствени тоалети. Одморалиштето е оптимално место за сместување на детски групи, со сопствен двор и плажа, без сообраќај, и сите групи имаат зголемена можност да се дружат во слободното време, за заеднички диско забави во рамките на комплексот на одморалиштата итн.


   4.odmaraliste   5.odmaraliste

 

Monday the 24th. 2013
Copyright 2012

©